Тажна вистина: Нашите родители во младоста изгледале подобро од нас

Пред четириесетина години побрзо би изгубиле тежина отколку денес. Причината за тоа не е мрзеливоста, како што мислат вашите родители, туку бројните хемикалии кои ги внесуваме во организмот.

Антидепресивите, хормоните во храната и бројните хемикалии се причини поради кои децата од новите генерации многу потешко можат да одржат витка линија, отколку нивните родители. Покрај истиот внес на калории, луѓето во 2008. година во просек биле за 10 отсто потешки од луѓето во однос на 1971. година. Со оглед на тоа дека за витка линија се потребни и вежби, утврдено е дека луѓето кои вежбале во 1988. година биле послаби за 5 отсто, отколку оние кои во 2006. година оделе во теретана.

Професорката Џенифер Кук од Универзитетот во Јорк наведува три причини за овој проблем:

1.Зголемена изложеност на хемикалии и пестициди

2.Употреба на антидепресиви

3.Промена на бактериите во цревата

Пестицидите и хемикалиите кои се наоѓаат во храната можат да влијаат лачењето на хормоните, кои ни даваат информација за тоа дали сме сити или гладни, што доведува до гојазност.

Четвртина од луѓето денес употребуваат антидепресиви, вклучувајќи ги и оние кои поттикнуваат лачење на хормонот на среќа, но и таканаречени „блокбастер“ пилули.

Според истражувањето на британскиот магазин за јавно здравје продажбата на антидепресиви во 1998. година била двојно поголема во однос на 1975. година. Само во САД секој трет препишан лек е антидепресив.

Во последните 35 години се променија и добрите бактерии во цревата, вели професорката Кук. Се помалку месни производи содржат антибиотици и хормони кои го поттикнуваат растот. Долгогодишната изложеност на овие намирници може да го промени микропроцесот во организмот и да има штетно влијание.

Вештачките засладувачи исто така се проблем, бидејќи можат да предизвикаат отпорност на инсулин. Така вишокот на шеќер наместо во енергија се претвора во маст, која се таложи.

-Иако родителите проценуваат дека децата им се гојазни затоа што се мрзеливи, тоа не е вистина, вели Кук и додава дека на денешните генерации им се потребни повеќе вежби и многу помалку храна за да изгледаат и бидат витки како што некогаш биле нивните родители.