Теачубол го купува Милан

Теачубол го купува Милан

Тајландскиот бизнисмен Би Теачубол потврди дека го купува Милан. Тој купува 48 проценти од акциите на фудбалскиот клуб Милан од сопственикот Силвио Берлускони.

Голема е честа што сум се договорил со претседателот Берлускони, феноменалниот лидер, напиша Теачубол на својот Инстаграм објавувајќи заедничка фотографија со првиот човек на Милан.

За продажбата на акциите на Милан на тајландскиот бизнисмен одамна се пишуваше, но се до сега немаше официјална потврда.

Се шпекулира дека цената е 500 милиони евра, пари кои ќе бидат искористени за враќање на Милан на шампионски патеки.

 

Иако италијанските медиуми, објавија информација според која дека е постигнат договор за продажба на Милан и дека денеска Силвио Берлускони и Би Теачубол треба само да ја официјализираат зделката, сепак, Милан се уште е во сопственост на Берлускони.