Театар Комедија и Турскиот театар со претстави за поддршка на СОС Детско село

По повод Светскиот ден на театрите, 27 март, денеска во Театарот Комедија и во Турскиот театар ќе бидат одиграни претстави во чест на децата од СОС Детското село.

Во Театарот Комедија ќе биде одиграна претставата „Трудна приказна“, а во Турскиот театар претставата „Отело“.

Приходите од претставата ќе бидат донирани на СОС Детско село.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.