среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Театарот за деца и младинци на фестивал за кукларство во Измир

театар за деца

Последни вести

Театарот за деца и младинци од утре до 14 март ќе учествува на 10. Меѓународен театарски фестивал за кукларство во Измир, Турција, со претставата „Бескрајни соништа“ во режија на Боњо Лунгов.

Се работи за еден од најголемите театарски фестивали посветен на професионалниот театар за деца и кукленото мајсторство, на кој годинава ќе учествуваат над 40 театри од светот.

– Посебна гордост и чест е што и нашиот театар се најде на листата најдобри светски театри кои ќе учествуваат на овој фестивал и тоа со четири изведби на претставата „Бескрајни соништа“ во централните термини во програмата на фестивалот, информира Театарот за деца и младинци.

Најчитани вести