вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 39

Техеран го координирал со Дамаск ракетниот напад врз џихдистите во Сирија (ВИДЕО)

Проектилите истрелани од иранска територија во сирискиот воздушен простор влегле преку Ирак, потврдија високи воени претставници во Техеран

Поврзани вести

Ракетниот напад што го изведе иранската елитна Гарда на чуварите на револуцијата врз позициите на сунитските терористи во областа на сирискиот град Деир ез-Зор, бил координиран со владата на Сирија, изјави во понеделникот портпаролот на гардата, Рамезан Шариф.

„Лансирањето на тие проектили беше претходно договорено со Сирија, и ракетите влегоа во сирискиот воздушен простор преку Ирак“, изјавил портпаролот на иранските елитни сили Рамзан Шариф кого во понеделникот го цитира агенцијата Tasnim.

Според него, во рамките на операцијата со кодно име „Лејлат ал-Кадр“, Гардата истерлала врз терористите во областа на Деи ез-Зор шест балистички ракети со среден дострел. Тие биле насочени кон различни цели на растојание од 650 до 700 километри. Ракетите успешно ги погодиле целите, меѓу кои бил и штабот на бунтовниците и магацин со муниција, тврди Шариф.

Ракетните напади биле одговор на неодамнешните терористички напади во Техеран, врз парламентот и Мавзолејот на ајатолахот Хомеини на 7 јуни, за кои одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и во кои беа убиени 18 луѓе а уште 50 беа ранети.

Претходно беше објавено дека Иран во неделата извел напад врз нунтовници во Сирија. Проектилите биле лансирани од базите на Револуционерната гарда во покраините Керманшах и Курдистан. Според командантот на воздушните сили на гардата, генералот Амир Али Хаџизаде, прецизноста на паѓањето на ракетите била потврдена со податоците добиеби од беспилотни летала.

„Од периферијата на Дамаск во областа во којашто беа нанесени ударите беа испратени беспилотни летала. Од нив добивме податоци во реално време. Сите ракети точни ги погодиле зададените цели“, истакнал генералот Хаџизаде.

Според него, главната цел бил мал објект во кој се наоѓале терористи. „Прецизното погодување на ова здание од растојание од 700 километри е јасна порака за терористите за тоа кои се иранските способност“, истакнал генералот.

Ракетиет кои биле користени во овој напад биле од типовите „Гијам“ и „Зулфакар“, објави агенцијата Fars повикувајќи се на сопствени воени извори.

Првото успешно тестирање на ракетата „Гијам“ која има дострел од 800 километри беше изведено на 20 август 2010 година. Проектилот на црвсти горива „Зулфакар“, кој може да достегне цели на одалеченост од 700 километри, првпат беше претставен на воената парада во Бендер Абас во септември минатата 2016 година. Оваа балистичка ракета од моделот „Фатех“ се смета за најпрецизниот ирански проектил.

Најчитани вести