Техничката влада ќе биде избрана утре, изборната кампања почнува на 20 ноември

Лидерите на 4-те најголеми политички партии вчера потпишаа договор –  изборите ќе бидат одржани на 11 декември.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претходно изјави дека се што ќе биде предложено ќе биде прифатено, со цел да не се даде простор на СДСМ повторно да ги пролонгира изборите и кончено да се стави крај на кризата.

Техничката влада во која ќе влезат и министрите од СДСМ ќе биде избрана веќе утре. Според најавите, во неа ќе влезат истите министри и дополнителни министри што беа дел од владата согласно договорот од Пржино. Нивниот избор треба да биде потврден на денешниот состанок на централниот одбор на партијата.

Од утре почнуваат да течат роковите за изборите. Во Собранието ќе биде изгласана техничката влада на чие чело повторно ќе биде Емил Димитриев, на 60 дена до изборите Собранието ќе се распушти, а изборната кампања треба да почне на 20 ноември.

Предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 11 декември, нов уредник на МТВ ќе биде Санта Агирова, додека пак 5-от член на ад-хок телото за медиуми е Љуљзим Хазири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.