Со техничките факултети полесно до работа (ВИДЕО)

Со техничките факултети полесно до работа
Со техничките факултети полесно до работа

Анализата на пазарот покажува дека со упис на техничките факултети полесен е потоа пристапот до работните места. Постои сериозен пораст на упис на техничките факултети од 21 на 31 процент, посочува заменик министерот за образование Спиро Ристовски од Министерството за образование за Канал5 ТВ, на денот на полагањето на државната матура.

Вкупно 16 859 матуранти денеска полагаа мајчин јазик и литература. Математика ќе се полага на 9-ти , а странски јазик на 13-ти овој месец. За 15–ти е закажано полагањето на природните и општествените науки за што се пријавиле околу 15 илјади ученици.