Македонија,Економија

„Техникал текстил“ ќе отвори над 500 нови работни места во Штип

„Техникал текстил“ ќе отвори над 500 нови работни места во Штип

Германската компанија „Техникал текстил“ донесе одлука да инвестира во ТИРЗ Штип со што ќе се отворат нови од 500 до 600 работни места, со можност за зголемување на бројот на вработувањата.

За оваа одлука, сопственикот на компанијата, Џенс Вандланд, го извести премиерот Никола Груевски при денешната средба.

Според планираното, реализацијата на инвестиција се очекува да започне во август оваа година.

Новата инвестиција во ТИРЗ Штип ќе чини 12 милиони евра.