Македонија

Техникал текстил објави оглас за вработувања во новата фабрика во Штип

Техникал текстил објави оглас за вработувања во новата фабрика во Штип

Германската компанија „Техникал текстил“ објави оглас за вработување во новата фабрика во Технолошко-индустриската развојан зона Штип.

Станува збор за водечка компанија во производство на стаклени влакна и ткаенини, кои се користат како дел од изолациони системи за фасади.

„Техникал текстил“ е средно голема компанија, чии производи се продаваат низ целиот свет, односно во повеќе од 50 држави, и се користат како дел од изолациони системи за фасади.

Во моментов за новата фабрика, односно во новиот производствен погон во ТИРЗ Штип, се нудат следниве работни места:

Ткајачи – со работно искуство во ткаење, работа на машини за ткаење (weaving maschines)

Машински техничари – со работно искуство, во одржување и работа на машини

Подготвувач на производи – работно искуство со работа на coating maschines (глазура, обложување, завршна техника)

Бравари

Експерт за логистика (м/ж)

Минимални услови за вработување се ССС, физичка подготвеност за работа, работно искуство, предност познавање на англиски или германски јазик, работоволни, љубезни, пријатни, ангажирани, доверливи и способни за работа во група, изразено чувство за ред и среденост.

Од компанијата нудат одлични услови и сигурна работа, можност за понатамошен развој и унапредување, сигурни примања, соодветни обуки во нашата матична компанија, дополнителни додатоци и премии и основна плата од 10.000 МКД.

Доколу сакате тимска работа, сакате динамична работа и стекнување на работно искуство во нова средина, испратете ја Вашата кратка биографија на: techtexmk@gmail.com со ознака за кое работно место аплицирате најдоцна до 04.12.2014 година. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат контактирани.