Тејлор Свифт до хакерите: Немате мои разголени фотографии!

Откако накратко и го хакираа профилот на Инстаграм, хакерите порачаа дека поседуваат разголени фотографии на младата пејачка Тејлор Свифт.

За разлика од голем број други славни личности кои што веднаш би кренале паника, Тејлор мошне смело им одговори на Твитер:

„Хакерите велат дека поседуваат разголени фотографии? Пссс, баш би го сакале тоа, нели? Забавувајте се додека работите на Фотошоп затоа што немате ништо“, напиша таа на Твитер.

svift_komentar

Инаку, Свифт е една од ретките ѕвезди што не се промовираат објавувајќи разголени фотографии. Таа неодамна објави една фотографија облечена во бикини костим за капење, што предизвика вистинска сензација, затоа што тоа беше најразголеното нејзино издание дотогаш.