Тејлор Свифт е најплатена пејачка во светот

Американската кантри пејачка  Тејлор Свифт со заработени 40 милиони долари во 2013 година се најде на врвот на листата на Билборд на најплатени музички имиња. Само последната турнеја на 22-годишната пејачка и донесе заработка од 30 милиони долари.

На второ место по заработувачка е уште еден кантри пејач Кени Чесни, со неверојатни  32 милиони долари.

По седумгодишна пауза од музиката, Џастин Тимберлејк се врати на сцената и заработи над 31 милиони долари за само една година. Последниот албум The 20/20 Experience бележи големи успеси, а турнејата со Џеј Зи му донесе трето место на оваа листа.

Над 29 милиони долари заработи Џон Бон Џови, а веднаш зад него се Ролинг Стоунс.

Шестото место го зазеде Бијонсе која во 2013 година заработила 24 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.