Тејлот Свифт ја доби наградата „Тејлор Свифт“

Добивањето награди не претставува никаква новост за Тејлор Свифт, бидејќи ги има толку многу што не знае што да прави со нив.

Сепак, последната во низата награди на пејачката е единствена во музичкиот свет и целиот случај е помалку бизарен. Имено, Тејлор Свифт ќе ја добие наградата „Тејлор Свифт“.

Станува збор за награда што го носи нејзиното име и која им се доделува на композитори.

Колку и да е необично, оваа не е прв случај уметник да добие награда со неговото име. Поп ѕвездата Мајкл Џексон во 1990 година доби наградата „Мајкл Џексон“.

Младата пејачка сигурно ќе најде посебно место на рафтовите за наградата со нејзиното име.