Текнохозе отвора нова фабрика во Бунарџик, отворање на нови 150 работни места

Италијанската компанија Витек дел од групацијата Текнохозе која минатата година отвори фабрика во економската зона Бунарџик, за оваа година планира изградба на нова фабрика четири пати поголема од сегашната и вработување на 150 луѓе, вели за „Економски“, Јован Поповиќ менаџер за производство во фабриката.

Околу отворањето на новиот капацитет во Бунарџик, Поповиќ истакна дека градежните работи се веќе во тек.

„Околу октомври треба да се пушти во функција новата фабрика,  четири пати поголема од овој капацитет. Планираме да вработиме нови 150 луѓе“, нагласи тој, додавајќи дека тоа ќе значи зголемување на производството бидејќи овој капацитет е ограничен па планирано е да се зголеми сегашното производство.

На прашањето на „Економски“ зошто токму Македонија е избрана за инвестирање, Поповиќ истакна дека тоа е пред се4 поради добрите услови за инвестирање  во зоните во Македонија и   квалитетната работна сила.

„Се’ како што беше предвидено се остварува и едно и друго се поклопија  така да ова е прва наша инвестиција надвор од Италија“, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.