Тековен сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.

МСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.