Тексас: Трудна слоница на диета

Чувари во зоолошката градина во Хјустон трудната слоница со име Тес ја ставиле на посебен режим на исхрана и вежби за да и помогнат да ослабне пред породувањето кое би требало да настапи за околу една година.

„Се одлучивме на овој чекор за да се подготвиме за овој важен настан. Со приближување на породувањето, слоницата се помалку ќе се движи и ќе биде се помалку активна, објаснила претставничката на зоолошката градина Дерил Хофман.

Како што пренесува АП, Тес ќе мора да ослабне околу 230 килограми. Ова е азиска слоница моментално тежи околу 3500 килограми и е „малку“ дебелка. Всушност сега ја има килажата која е нормална за трудноќата.

Доколку уште накачува на тежина, слоницата би имала големи компликации на породувањето, навеле ветеринарите.

Тес од сега ќе добива помала количина на храна, а секо утро пред доаќањето на посетителите во градината , ќе мора да помине 3,2 километре во оградениот простор. Исто така ќе мора да вежба гимнастика односно специјални „јога вежби“ за слонови, за да ги зајакне мускулите.

Губитокот на килограми не е дрстичен случај. Споредено со чове, тоа е како некој од 90 килограми да ослабне 5 килограми.

Азиските слонови можат да тежат и до пет тони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.