Македонија,Економија

Текстилните компании по вторпат во Копенхаген

Текстилните компании по вторпат во Копенхаген

Македонските текстилни компании се претставија на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген кој се оддржа од 3-ти до 6-ти Август, 2014-та година.

На почетокот на годинава во јануари за време на првото издание на саемот за текстил беше организиран бизнис настан со Б2Б средби и како резултат е иницираната соработка помеѓу нашите компании и компаниите од Данска и Шведска, па оттука на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген текстилните компании од земјава за прв пат присуствуваа со свој штанд.

Компаниите остварија повеќе од 50 средби со скандинавски брендови.Се работи за сосема поинаква мода во однос на останатите европски држави. Скандинавците се познати по едноставниот но префинет изглед кога се работи за избор на облека.

Треба да се земе во предвид дека ова е сосема нов пазар и дека полека почнуваме да го освојуваме.Ова беше одлична можност македонските компании да се запознаат со модата, стилот и дизајните кои ги нудат овие брендови.

Зеадничкиот настап на тектилните компании на саемот беше организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.

Органзиаторите очекуваат од остварените Б2Б средби со компаниите од овие земји да се реализира соработка.