Тела на две деца пронајдени во фрижидер во куќа во Детроит

Tела на две деца се пронајдени во замрзнувач во куќа од страна на полицијата во Детроит. Станува збор за девојче на возраст од 14 години и момче од околу 11.

Телата биле ставени во пластични вреќи. Полицијата ја привела мајката, а нејзините други две деца се преземени од социјалната служба.

Истрагата за злосторството е во тек, јави Си-Ен-Ен. Шефот на полицијата во Детроит, Џејмс Креиг изјави дека се работи за „грозоморно откритие“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.