Тела на починати од ебола скапуваат по улиците на Сиера Леоне

Во Сиера Леоне мртви тела од починати од ебола скапуваат по улици поради штрајк на работниците на гробиштата кои се жалат дека не се доволно платени, пренесуваат агенциите.

– Ситуацијата е многу непријатна и вознемирувачка, изјавил портпаролот на министерството за здравство во Сиера Леоне и додал дека САД имаат пари да помогнат финансиски.

Според Светската здравствена организација од ебола во Сиера Леоне до сега починале 600 лица.

Во Шпанија медицинскиот персонал од болницата во Мадрид, каде се сместени донесените четири заразени лица од Африка, се побунија поради условите во кои работат. Тие наведуваат дека две заразени лица не требало да ги пренесуваат во Шпанија бидејќи биле во краен стадиум.

Медицинска сестра од Шпанија е првата личност заразена од овој вирус во Европа, изјавиле официјални лица од Шпанија.