понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

Тела на удавени бегалци откриени во Егејското Море

begalci

Поврзани вести

Грчката крајбрежна стража утрово откри тела на удавени бегалци во Егејското Море. Источно од островот Фармакониси се удавиле шест деца и една жена, откако нивниот чамец потонал.

Првично биле откриени 40 бегалци, кои кажале дека осум лица исчезнале. На местото на инцидентот пристигнале припадници на Фронтекс и започнале потрага.

Малку подоцна девојче било спасено и биле откриени телата на седум удавени.

Од утрово властите во Грција почнале голема операција за спасување на исчезнати бегалци. Тие патувале со бротче кое потонало северно од островот Калолимнос. Досега биле спасени 26 бегалци и се извадени телата на пет лица.

Точниот број на имигрантите кои патувале не е прецизиран, некои тврдат дека биле 50, а некои сто.

Најчитани вести