Телата на 44 жртви од авионската несреќа во Алпите пренесени во Дизелдорф

Телата на 44 жртви од авионската несреќа во француските Алпи пристигнаа денеска во Дизелдорф од каде ќе им бидат предадени на семејствата, јавува Би Би Си.

Авиокомпанијата „Луфтханза“ синоќа ги испрати телата со товарен авион од Марсеј. На семејството ќе им биде овозможено да ги видат посмртните останки во хангар во Дизелдорф.

Ербасот А320 на нискобуџетниот огранок на „Луфтханза“, „Џерманвингс“ се сруши во француските Алпи на 24-ти март. Сите 150 патници и членови на екипажот го загубија животот.

Врз основа на информациите добиени од црните кутии беше заклучено дека копилотот Андреас Лубиц намерно го срушил авионот откако претходно се заклучил во кокпитот и не го пуштил пилотот да влезе.