Телата на жртвите од урнатиот авион ќе се пренесат на безбедно место

Украинската Влада и проруските сепаратисти денеска постигнаа прелиминарен договор за дислокација на телата на загинатите од малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина со 298 патници и членови на екипажот, соопшти украинскиот вицепремиер Володимир Гројсман.

Тој нагласи дека согласно договорот, на украинската служба за вонредни сотојби и на меѓународните набљудувачи ќе им биде дозволено да ги пренесат телата на безбедно место, баз да прецизира каде.

Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека до утрово во 7 чсот по локлано време (6 по средноврооско време) на местото на падот на авионот се пронајдени телата на 196 загинати.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Службата информира дека потрагата по телата на жртвите се спроведува на површина од 34 километри квадратни, од кои досега се прегледани 32 километри квадратни.