Телефоните во 2015 година ќе проектираат холограми

Компанијата „Остендо“ од Калифорнија, планира наредната година на пазарот да исфрли малечок проектор кој ќе се вградува во телефоните.Првата верзија од овој нов гаџет, ќе проектира 2Д слика, но втората верзија и холограми.

За да ужувате во виртуеланата стварност, во блиска иднина нема да биде потребно да носите тешки и робусни очила. Веќе едноставно пред нас ќе можеме да гледаме 3Д слика на луѓе и разни предмети, или едноставно ќе погледнуваме во часовник а над него ќе гледаме холограм на личноста со која разговараме. Точно како во Војна на ѕвездите.

За ова треба да почекаме до крајот на следната година, кога калифорниската компанија „Остендо“ планира да го исфрли својот чип кој ова ќе го може. Според „Вол Стрит Журнал“, нивниот 5000ppi проектор со големи на кутивче за бонбони, а процесорот му е доволно силен да контролира боја, светлост и агол на секојдневни светлосни зраци низ милион пиксели. Еден ваков состав, доволно малечок за да се вгради во телефон, може да проектира видео на површина со дијагонала од 48 инчи. Но, вградувањето на дополнителните чипови ќе овозможи покомплексни и поголемни слики. Првата верзија која треба да излезе на пазарот во 2015 година, ќе биде ограничена на 2Д видео. Но, веќе наредната верзија ќе може да создава 3Д слики кои лебдат во воздухот и изгледаат како цврсти предмети, а таа верзијана чипот би требало да започне со производство неколку месеци подоцна. Остендо верува дека може да оствари квалитетни холограми, а наведува и дека веќе имаат договори со неколку производители на телефони за остварување на својот проект. Во наредните чекори ќе се работи на намалување на пискелите за да се зголеми резолуцијата на холограмот, а подоцна планираат своите чипови да ги вградуваат каде стигнат.

Како изгледа првиот холограм можете да погледнете на видеото на следниот линк

http://on.wsj.com/1nLwQDx