Телефонска закана на скопскиот аеродром

На скопскиот аеродром „Александар Велики“, во саботата вечерта на телефонот за информации, со кој оперирала вработена во инфо службата на операторот ТАВ Аеродроми, од страна на засега неидентификувано лице добила анонимен телефонски повик со закана.

„Сите во воздух ќе ве кренам“, гласела телефонската закана упатена на скопскиот аеродром, според неофоцијалн иизвори.

„Од страна на ИТ–службата на ТАВ бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.