Телефонски разговор Ципрас – Меркел

Грчкиот премиерот Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа имале „конструктивен“ телефонски разговор, јави МИА.

Грчката Влада информира дека разговорот траел 50 минути и „бил одржан во позитивна клима, насочена кон изнаоѓање на заемно корисно решение за Грција и Еврозоната“.

Во Атина се коментира дека разговорот би можел да биде првиот чекор кон компромис меѓу двете земји, кои имаат спротивставени позиции за разговорите за грчкиот долг што предизвика загриженост во Еврозоната.

Грција вчера официјално побара шестмесечно продолжување на договорот за кредит, но германското Министерство за финансии ненадејно го отфрли предлогот.

Ципрас исто така, имал телефонски разговор со италијанскиот премиер Матео Ренци во рамките на барање начин како да се постигне договор за долгот на Грција.