Телефонски разговор меѓу Меркел и Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа остварила телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Главна тема на разговорот била посетата на шефот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Дидие Буркхалтер на Москва, планирана за в среда.

Меркел, како што изјави портпаролката на Владата во Берлин, изразила задоволство поради ослободувањето на членовите на мисијата на ОБСЕ.

Двајцата лидери разговарале и за организирањето на тркалезна маса, под покровителство на ОБСЕ, со цел пред претседателските избори во Украина да се отвори патот за националниот дијалог.

Меркел, како и американскиот претседате, Барака Обама потенцира дека повеќе би сакала ситуацијата во Украина да се реши по дипломатски пат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.