петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

„Телеграф“: КАНВАС – Организација опасна како Ал Каеда и ИД

Од пред неколку години КАНВАС во Русија, Иран, Обединети Арапски Емирати и во уште неколку земји е во исто друштво со Ал Каеда, „Исламска Држава“, Боко харам и други терористички организација.

kanvas_sred-640x503

Последни вести

Организација што стои зад протестите во Македонија и која ги обучува активистите од т.н. „Шарена револуција“ во многу држави е на црната листа. Од пред неколку години КАНВАС во Русија, Иран, Обединети Арапски Емирати и во уште неколку земји е во исто друштво со Ал Каеда, „Исламска Држава“, Боко харам и други терористички организација, пишува Телеграф.мк.

Забранет им е влезот и на нивните водачи на чело со Срѓа Поповиќ и Слободан Ѓиновиќ кои, пак, без никаков проблем со  логистичка поддршка од Соросовите невладини организации во Македонија работат на насилно симнување на власта.

КАНВАС воопшто не се крие дека дејствува во Македонија и на нивната интернет-страница е заведена и нашата земја.

Но сигурно многумина ќе се запрашаат што е КАНВАС?

КАНВАС е невладина организација формирана во 2004 година од страна на Поповиќ и Ѓиновиќ. Нивно основно дејствување е подготовка на сценарио, логистика и план во земји каде што актуелната власт има голема поддршка од народот. Со еден збор, фабрика за предизвикување немири и војни.

Таков беше случајот во Египет, Сирија, Украина, Тунис и во многу други земји од Европа и од Блискиот Исток. Моделот што го продаваат чини од 10 до 50 милиони евра кои мораат да се уплатат на нивната сметка по „успешно“ завршената акција и насилното менување на власта.

Тоа им успеа во 2000 година во Србија кога беше сменет од власт Слободан Милошевиќ. ТогашКАНВАС се викаше „Отпор“, а на чело, покрај Поповиќ беше и Чедомир Јовановиќ, кој во моментов ја предводи Либерално-демократската партија. А дека во КАНВАС се вртат многу пари, доказ е што Јовановиќ, исто како и Поповиќ, денеска се едни од најбогатите луѓе во Србија, додека пак нивните тогашни другари од „Отпор“ станаа социјални случаи или се самоубија.

Охрабрени од соборувањето на Милошевиќ, „Отпор“ во 2004 година се трансформираше во политичка партија. Но, српските граѓани за кратко време открија за какви измамници станува збор, па партијата освои само еден отсто од гласовите и брзо се претопи во Демократската партија.

Четириесет и тригодишниот Поповиќ во својата книга „Мостра за револуција“ детално објаснува на кој начин ги рушеле властите и дека секој што е заинтересиран може да му се јави.

– КАНВАС и мене нè нарекуваат американски марионети, платеници на Сорос, српски агенти, терористи и со други погрдни имиња – се правда Поповиќ.

Активистите на КАНВАС уште пред две години држеле обуки на сегашните водачи на „Шарената револуција“. Детално биле разработени сите тактики, кои можевме да ги видиме на протестите на опозицијата, како што беше бојадисувањето на спомениците, истурањето боја во фонтаните, свртените огледала кон полицајците…

Но, за сè да биде под контрола српски активисти на почетокот на протестите беа во Скопје и ги предводеа протестите. Многумина можеа да ги ги видат црните знамиња со стисната тупаница, кои се карактеристични за „Отпор“ и да слушнат повици како „Идемо јаче“, „Ајмо Звиждаљке“, како и графитите низ градот „Никад више ВМРО“, напишани на „чист“ македонски јазик.

Најчитани вести