среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Телеграф“: Кој стои зад демонстрациите – „Протестирам“ никаде не е регистрирана

Барањата на „Протестирам“ се речиси идентични како оние на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа се одложување на изборите на неодреден период, формирање преодна влада, реформи во медиумите, како и прочистување на Избирачкиот список, пишува Телеграф.мк.

protesti-2nasilstvo

Поврзани вести

Барањата на „Протестирам“ се речиси идентични како оние на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа се одложување на изборите на неодреден период, формирање преодна влада, реформи во медиумите, како и прочистување на Избирачкиот список, пишува Телеграф.мк.

Порталот повикувајќи се на изјави на граѓанското движење „Протестирам“, кое се јавува како организатор на протестите во Скопје, пишува дека истото не е никаде регистрирано. Членовите на „Протестирам“ велат дека не гледаат потреба да бидат регистрирани и дека не сакаат да се експонираат.

Функционираме како неформална граѓанска иницијатива. Го користиме правото на протест како и сите граѓани. Не сакаме да се истакнуваме како лидери, туку како група, вели Владимир Делев, член на „Протестирам“, пренесува порталот.

Инаку, „Телеграф“ потсетува дека граѓанската иницијатива се покренува пред советот на општината и градот Скопје, по предлог на 100 граѓани.

Сквернавење на споменици и уништување на државен и приватен имот

Во изминатите денови македонската јавност беше сведок на насилните протести, кои се во организација на „Протестирам“.

Демолинарана народната канцеларија на претседателот Иванов

Демолинарана народната канцеларија на претседателот Иванов

Јавноста беше сведок на неколку сериозни инциденти што се случија во текот на изминатите две недели, како што е демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, каменувањето на Министерството за правда, обидот насилно да се влезе во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како и гаѓањето со боја врз Министерството за култура и врз „Порта Македонија“.

Хулиганите на СДСМ, СОРОС удрија и по бараките на Град Скопје

Хулиганите на СДСМ, СОРОС удрија и по бараките на Град Скопје

Во текот на вчерашните протести, пак, на удар се најдоа споменикот „Прометеј“ во Паркот на жената борец, како и зградата на Град Скопје.

Најчитани вести