„Телеграф“: Сопругата на Панки се заклучила во просторија пред да се самоубие

Медицинската сестра која денеска изврши самоубиство со фрлање од шести кат од приватна болница во Скопје е сопруга на познатиот македонки пејач Сашо Каимовски или во јавноста познат како Панки, објави Телеграф.мк

Извори од истрагата за Телеграф.мк информираат дека медицинската сестра претходно се заклучила во просторија каде насилно ја извадила мрежата од прозорците на шестиот спрат и извршила самоубиство. Ова е потврдено и со снимка од камеирте од болницата.

Се очекува МВР да излезе со официјални информации за случајот.