ТОП,Македонија

„Телеграф“: Виткачот на „кичма“ се огласи, Заев повторно се фаќа за спорот за името

„Телеграф“: Виткачот на „кичма“ се огласи, Заев повторно се фаќа за спорот за името

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, првпат од почетокот на политичката криза се огласи за спорот за името што Грција го има со Македонија. Во интервјуто за српската агенција „Бета“, Заев вели дека Македонија ја провоцира Грција и дека мора да направиме отстапки за да се најде решение за ова прашање.

„Телеграф“ анализира дека зачудува што Заев токму сега се огласи за ова прашање, кое е многу чувствително за Македонците. Веќе подолго време се коментира дека токму оваа криза е креирана и има крајна цел меѓународниот фактор да изврши притисок врз властите во Скопје да се согласат на промена на името.

Првиот чекор е да престанат провокациите, да се пружи рака на пријателство и да почнат интензивни разговори. Грција може уште 200 години да опстане со ваков проблем. Ние сакаме да бидеме членки на ЕУ и на НАТО. Без решение на овој проблем не можеме да влеземе ниту во ЕУ ниту во НАТО – вели Заев за „Бета“, пренесува „Вечерње новости“.

Нејасно е каде Заев го гледа компромисот што Македонија треба да го направи со Грција ако се знае дека официјална Атина бара едно име за севкупна употреба и промена на Уставот.

Згора на тоа Грција бара и промена на идентитетските прашања, поврзани со јазикот и нацијата и употребата на терминот Македонците. Пред неколку години Заев исто така рече дека Македонија мора да попушти во спорот за името и да ја свитка „кичмата“ ако биде потребно, пишува „Телеграф“.

Мислам дека овде треба некојпат и да свиткаме кичма, како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните, смета Заев.