петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Телеграми за сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за надминување на катастрофата

dimitriev-pomga-640x561

Последни вести

По повод катастрофалното невереме што го зафати скопскиот регион, телеграми со сочувство до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упатија претседателите на повеќе држави од регионот и светот, соопшти денеска неговиот кабинет.

Сочувство за настраданите во невремето вчера упати и градоначалникот на општина Солун, Јанис Бутарис.

– Бидете уверени дека општина Солун и покрај тешкото оптоварување во обезбедување на хуманитарна помош за неколку илјади мигранти и бегалци, е подготвена и има волја да соработува со надлежните институции од вашата земја, со цел олеснување и помош на настраданите граѓани. Би ценеле  доколку ги посочите конкретните потреби од наша помош и начините за поддршка кои сметате дека се најсоодветни за да бидеме ефикасни и успешни стои во телеграмата од градоначалникот Бутарис.

Сочувство до семејствата на загинатите во елементарната непогода изрази и претседателот на Република Бугарија Росен Плевнелиев, истакнувајќи дека трагедиите од овој вид напоменуваат колку е важно да се биде сплотен во тешки моменти.

Изрази на солидарност и сочувство упати и државниот врв на Република Албанија, и воедно искажа подготвеност да и помогне на Република Македонија, за надминување на последиците од невремето со трагичен биланс.

Сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за надминување на трагичната состојба, во лично име и во име на словенечкиот народ, упати и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Изрази на жалење и сочувства до семејствата на загинатите и настраданите во невремето упатија и Република Турција, Република Полска, Република Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Ватикан, Република Белорусија, Кралството Мароко, како и Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. Во телефонски разговор со претседателот Иванов, сочувство за настраданите упати и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

Најчитани вести