Спорт

Телеком нов спонзор на машката ракометна репрезентација пред ЕП во Хрватска

Телеком нов спонзор на машката ракометна репрезентација пред ЕП во Хрватска

Ракометната федерација и Македонски Телеком склучија партнерство пред европското првенство во Хрватска. Првиот човек на македонскиот ракомет Живко Мукаетов вели дека е задоволен од чекорот.

Во 2018 година, ја променивме нашата стратегија, сега се трудиме да бидеме главен спонзор при што спортот ќе биде во центарот, односно наш фокус ќе биде ракометот. И донесовме среќа на екипата на Вардар на европска сцена и се надеваме дека истото ќе го направиме и за вас момци. Затоа, ви посакуваме се најдобро на следното европско првенство“, рече Андреас Елснер, извршен директор на Телеком,

Извршниот директор на компанијата Андреас Елснер верува дека Телеком ќе и донесе среќа на ракометната репрезентација како што беше случајот со Вардар во Лигата на шампионите.“ – изјави Живко Мукаетов, претседател на РФМ

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров, верува дека Македонија е подготвена за нови успеси против големи екипи како што е Германија.

Ракометарите во четврток заминуваат за Хрватска каде в сабота ќе го играат првиот натпревар против Словенија.