Телепортирана честичка на оддалеченост од 25 километри

За првпат група физичари успешно телепортираа квантна сотојба на еден фотон на оддалеченост од 25 километри.

Експериментот покажува дека за процесот на телепортација поважна е квантната состојба отколку физичкиот состав на фотонот.

Воедно, соборен е рекордот во оддалеченост за телепортација кој истиот тим го постави пред 10 години кога телепортираа протон на 6 километри оддалеченост.

Николас Гисин од Универзитетот во Женева и негови колеги успеаја да телепортираат квантна состојба на фотон во кристал кој се наоѓал на оддалеченост од 25 км. Со тоа докажаа дека квантната состојба на фотонот е информација што може да се телепортира со користење оптички кабел.