Телетабиси се враќаат на екраните

Речиси 20 години откако Тинки Винки, Дипси, Лала и По го направија своето деби на малите екрани, попупалрните Телетабиси повторно се враќаат на сцената.

Познатите Телетабиси повторно ќе имаат антени на нивните глави, но телевизорите на нивните стомачиња ќе бидат заменети со модерни екрани на допир карактеристични за 21-иот век.

Овој пат на екраните ќе се емитуваат акциони филмови од детска перспектива.

Сценографијата ќе биде визуелно збогатена и сега ќе има сценографија карактеристична за денешница, како и ветерница направена од природни материјали и цвеќиња што гледачите ќе може да ги гледаат како растат од семе до цвет.

Во однос на позајмувањето на гласовите, засега се знае дека во шоуто ќе учествуваат ѕвездата на Хари Потер, Џим Броадбент и презентерот Ферн Котон, како и актерите Даниел Ригби и Антониа Томас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.