Тељо во Арсенал но само како позајмен фудбалер

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Арсенал пред неколку минути испратија нова официјална понуда до раководните лица на каталонскиот гигант Барселона и тоа за услугите на малдиот крилен напаѓач, Кристијан Тељо.

Популарните “топчии” испратија понуда за 6-месечна позајмица, а во понудата ја нема опцијата за откуп на неговиот договор на крајот од актуелната сезона.

“Арсенал ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на малдиот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо. Можам да потврдам дека веќе е воспоставен контакт помеѓу двата клуба и дека има официјална понуда за 6-месечна позајмица. Ова не е прв обид на Арсенал, претходните завршија со неуспех. Челниците на Арсенал последните ден од зимскиот преоден рок ќе го искористат за да ги осигураат услугите на Тељо и ан Дрекслер”, изјави блискиот извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш.