Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО/ВИДЕО: Тело на дете – бегалец исфрлено на брегот во Турција

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО/ВИДЕО: Тело на дете – бегалец исфрлено на брегот во Турција

Социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачката и потресна фотографија на која се гледа тело на дете – бегалец исфрлено на брегот на турското летувалиште Бодрум, откако претходно беше објавено дека 12 лица за кои се верува дека се сириски бегалци се удавиле обидувајќи се да стигнат до грчкиот остров Кос.

На првата фотографија се гледа безживотното тело на детенцето во црвена маица и кратки пантолончиња со лицето свртено кон песониот бреф, а на другата се гледа полицаецот со намуртено лице кој го носи детенцето во рацете.

Корисниците на Твитер ја споделуваат фотографијата на која се гледа тело на дете – бегалец исфрлено на брегот во Турција, со назнака „Човечноста исфрлена на брегот“.

Тело на дете – бегалец исфрлено на брегот во Турција
Тело на дете – бегалец исфрлено на брегот во Турција

„И Боговите кренаа раце од нас. Овој себичен свет на глуви, неми и слепи не ни заслужил подобро.“

Според многумина ова е најстрашната фотографија на векот.

Малиот 5-годишен Галип и 3-годишниот Ајлан Курди биле патници на пренатоварениот брод со бегалци кои бегале од војната во Сирија, пишува Дејли меил. Сликите на безживотното тело на малиот Ајлан стојат како доказ за трагедијата на човештвото, но и човештвото во хуманитарната криза што светот веќе долго време ја нема видено.

Според претставници на турската морнарица, двата брода во кои имало вкупно 23 лица, одвоено испловиле од подрачјето на полуостровот Бодрум.

Меѓу оние што го загубиле животот има пет деца и една жена. Седум лица се спасени, а две успеале да испливаат до брегот со помош на појасите за спасување. Припадниците на крајбрежната стража велат дека изгледите за спасување на уште двете исчезнати лица се се помали.

Десетици илјади сириски бегалци кои бегаат од војната во нивната земја ова лето стасаа до бреговите на Егејското море, продолжувајќи понатаму кон Грција, Македонија, Србија, па кон земјите на ЕУ. Турските власти велат дека спасувачите во текот на изминатата ноќ спасиле стотици бегалци кои тргнале кон грчкиот остров Кос.