Телохранител на Изетбеговиќ го спровел Вучиќ на линч

Телохранител на Изетбеговиќ го спровел Вучиќ на линч

Ален Коминлија наречен Нане е човекот од протокол кој го спроведе српскиот премиер, Александар Вучиќ и српската делегација од влезот на Меморијалниот центар во Поточари. Нане, своевремено работел во обезбедувањето на Али Изетбеговиќ.

Дневниот весник „Аваз“ открива дека токму Нане, телоранител на Изетбеговиќ го спровел Вучиќ на линч пред масата народ.

„Од влезот во Меморијалниот центар па цело време пред нас се движеше човек од протоколот кој нас не насочуваше што треба да правиме. Тој беше тука кога премиерот се запозна со мајките од Сребреница, тој одреди Вучиќ да биде во вториот ред на комеморацијата, протоколот ни налагаше потоа да положи цвеќе на спомен плочата. Истиот протокол потоа го налагаше патот по кој требаше да одиме пред масата која не гаѓаше со камења“, вели извор од придружбата на премиерот кој инсистираше да остане анонимен.

„Дневниот аваз“ открива дека станува збор за Коминлија, кој судејќи според се бил вработен во Протоколот во повеќе министерства на БиХ, но кој бил и припадник на единицата блиска на Изетбеговиќ.

Тој и не се гледа на фотографиите на инцидентот на чело на колоната со делегацијата на Вучиќ.

Коминлија е екс припадник на единицата „Бисери“ која во текот на воените дејствија во деведесетите, го осигуруваше Претседателството на БиХ и Али Изетбеговиќ.

Директно надреден во таа единица му бил Осман Мехмедагиќ Осмица, кое е тврдолиниско крило на СДА на чело со Изетбеговиќ.

Инаку Коминлија на 10 март 2000 година во зградата на Претседателството на БиХ при чистење на оружјето го застрелал својот колега и кум Мирсад Дедиќ Брацу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.