Телохранители го чуваат Лаушевиќ од крвна одмазда

Актерот Жарко Лаушевиќ (55) пред неколку денови во тајност пристигнал во Подгорица за да ја посети неговата мајка која е во кома.

Тој од виенскиот аеродром слетал во главниот град на Црна Гора и се задржал само неколку часа, за да ја види својата болна мајка, можеби за последен пат. Тој овојпат не се сретнал со Никола Калуџеровиќ, јунакот од неговата кнга „Годината минува, денот никогаш“ и цимерот од затворот во Спуж.

– Не ми се јави дека доаѓа, од вас дознав дека тој бил тука. Не му замерувам ништо, мајка му е тешко болна па веројатно отишол кај неа. Нејзе ја чуваат две жени, а таа е во кома во семејниот дом. Добро е што дошол да ја посети, и требало, мене веројатно ќе ми се јави – рекол Калуџеровиќ за српски „Блиц“.

Од Подгорица Лаушевќ истата вечер заминува за Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го чекало приватно обезбедување. Како што наведува Калуџеровиќ, актерот веројатно  се’ уште се плаши од крвна одмазда.

-Посотојано му велам дека нема од што да се плаши и дека треба нормално да живее. Што ќе му е обезбедување? Но, човекот се плаши па веројатно затоа најмил некој да го чува. Ако тој така се чувствува посигурно и помирно, тогаш и мене ми е мило. Очигледно тој страв му влегол во крвта- додава Калуџеровиќ.

Жарко Лаушевиќ во 1993 година со пиштол ги усмрти Драгор Пејовиќ (20) и Радован Вучиниќ (19), а го рани Андрија Казиќ, кои го нападнале пред кафуле во Подгорица.  Тој повеќе пати е осудуван за пречекорување на нужна одбрана во пресметка, а за двострукото убиство доби казна затвор од 15 години.

Сепак, Лаушевиќ одлежа 4,5 години во затворите во Пожаревац и Спуж и кога во 1998 година е пуштен на слобода, тој се сели во Америка. Таа кобна вечер во 1993 година, која целосно ја преврте неговата судбина и ја запре неговата кариера, бил во друштво со неговиот брат Бранимир (60), кој исто така испукал едене куршум, но не погодил никој.

Од 1998 година кога заминува во Америка, а во Белград првпат доаѓа во мај минатата година. Тогаш не отишол на свадба на својата ќерка Асја, која се мажела во Црна Гора.

zarko
Среќен бидејќи снима филм

Како што пишува „Блиц“, Лаушевиќ во Белград ќе остане 12 дена, каде што ќе го снима филмот „Смрдлива бајка“. Ова е негова прва филмска улога по 16 години, а се појавува и во филмот за него „Лауш“, но само во некои кадри, без текст.

zarko-lausevic--610x412


Помилување и пасош

Барањето на републичкиот обвинител за одложување на затворската казна е усвоено во 2011 година. Истовремено, повлечена е потерницата која беше распишана за него. Таа година лаушевиќ беше помилуван од тогашниот претседател Борис Тадиќ, а една година подоцна, Ивица Дачиќ, тогашен министер за внатрешни работи, во Америка му врачува српски пасош.

 

 

Фото: Блиц.рс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.