Телохранителот на струшкиот градоначалник пронајден мртов

Познати се причините за смртта на 27 годишниот телохранител на струшкиот градоначалник но во интерес на истрагата не се откриваат, јавува Плусинфо.

27 годишниот Уран Купа, му беше телохранител на градоначалникот на општина Струга Зијадин Села. Неговото тело вчера наутро беше пронајдено во струшкото село Дрслајца.
Тој последен пат беше виден жив на 6. февруари кога со својот автомобил марка Ауди излегол да се прошета.

До вчера никој не знаеше каде е.