Телото на родилката почината во Штип предадено на обдукција

Телото на 28-годишната родилка којашто почина во четвртокот утрото во штипската болница, по наредба на Јавен обвинител е предадено за обдукција на судска медицина во Скопје, информираше во петокот Министерството за внатрешни работи

Имено, вчера околу 7 часот во Клиничкиот центар Штип починала М.П. од Свети Николе. Таа се породила ден претходно околу 21.05, а здравствената состојба ѝ се влошила, по што и била извршена дополнителна хируршка интервенција. Еден час по интервенцијата младата жена починала.

Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и извршиле разговор со медицинскиот персонал и семејството на починатата.