10 години БизнисМрежа.мк: Клучни информации за паметни деловни одлуки

БизнисМрежа.мк го одбележува својот 10-годишен јубилеј. Една деценија предизвици, неизвесности, успеси…
Денес сме тука – на водечката позиција на пазарот за бонитетни информации во Македонија. БизнисМрежа.мк го започна своето патување со добра идеја и голем ентузијазам. Секоја совладана пречка на тој пат е вградена во платформата која сега ги обединува бонитетните информации на сите регистрирани правни лица од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Се на едно место. Достапно со само еден клик.

На дневна основа БизнисМрежа.мк ја користат повеќе од 1.500 компании.

Меѓу нив и големите имиња како Shell, Draxlmaier, EVN, Wurth, Телеком, Халк Банка, Триглав и многу други.

Во фокусот – иновации и информатичка трансформација

Од самиот почеток иновативноста е во срцето на БизнисМрежа.мк. Се фокусиравме на обработката и прикажувањето на бонитетните податоци. Се обидовме да го промениме начинот на кој компаниите добиваат информации и носат бизнис одлуки. Преку технолошка трансформација и иновативни решенија бизнисите полесно се адаптираат на брзите промени во економијата. Овозможивме постојано да се во тек со случувањата, 24/7 да имаат пристап до точни и кредибилни информации.

Клучни моменти:

2014

По две години технолошки развој, кој започна во јули 2012, се роди БизнисМрежа – првата и единствена платформа за бонитетни информации за сите регистрирани компании од државата.

2016

Постанавме лидери на пазарот со експоненционален раст на корисници.

2018

Нашиот успех го препозна и го поддржа Фондот за иновации и технолошки развој, а средствата беа употребени за развој на нови модули на БизнисМрежа.

2020

Мрежата ја проширивме со Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, со што на корисниците им овозможивме онлајн пристап до бонитетни информации за повеќе од пет милиони компании од Балканот.

2022

Управителот Огнен Огненоски се стекна со престижната награда 40 under 40 – „Business Elite’s Executive Club” и е избран за еден од 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа (ЈИЕ) под 40 години.

2023

Имплементиравме современи методи во интерното работење, поддржано од Европската банка за обнова и развој.

Со осврт кон почетоците и со поглед кон иднината, генералниот директор Огнен Огненоски истакна:

„Во заднината на секој успех се постојаноста, фокусираноста, стремежот за совршенство и неодоливата желба за надминување на препреките.

Фактот дека бизнисот не само што преживеа, туку и се развива под разнообразни и честопати предизвикувачки услови на пазарот во последните 10 години, е вистински доказ за напорната работа и посветеноста на сите членови на тимот на БизнисМрежа – и некогашни и сегашни.

Продолжуваме понатаму, ориентирани кон иновативноста и одлучни да ја водиме ДАТА индустријата со имплементирање на современите технолошки алатки на новата индустриска ера. И, уште повеќе да ја зацврстиме нашата репутација на пазарот“.

БизнисМрежа во иднина

Инвестираме во капацитети за развој на вештачка интелегенција, која од БизнисМрежа ќе направи интерактивна платформа. Со тоа, корисниците ќе добијат интелигентен бизнис партнер.

Следните активности се насочени кон зголемување на понудата со две нови држави од Балканот и ќе овозможиме приказ на поврзаноста на македонските со компаниите од регионот.

Подготвуваме и проект за развој на старт-ап заедницата во Македонија и во периодот што следи ќе бидат потпомогнати со бесплатни информации, а со цел носење на паметни деловни одлуки. Со интенција – преку максимална поддршка за новооснованите компании да се придонесе за потранспарентна, поздрава и поефикасна економија базирана на брзи и точни информации.

За успехот – благодарност до вработените!

Иако на крај, не се најмалку важни, нашите луѓе, движечката сила на нашиот успех.
Честит јубилеј на сите во тимот на Бизнис Мрежа и на сите кои придонесоа во нашето 10-годишно патување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.