„14 Часа“ балет во МОБ

Во Македонската опера и балет, утре во 20 часот ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 Часа“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

 

Од МОБ потсетуваат дека  поради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“ и од страната на Факултетот за Музичка уметност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.