„Курир“: 15-ти септември – синоним за неисполнети ветувања, криминалите и лагите на СДСМ

Денес е 15-ти септември. Овој датум полека но сигурно прераснува во неформален потсетник на генерацијата политичари кои дваесеттина години егзистира на политичката сцена со сите нивни неуспеси, разочарувања и неостварени ветувања.

Тандемот Радмила Шеќеринска и Зоран Заев сега се обидуваат со старите трикови од 15 септември да дојдат на власт. Повторно истите луѓе и со сличен вординг ја бараат поддршката од граѓаните, пишува порталот „Курир“.

Како што нагласува порталот, 15-ти септември мистифицирано се поврзува со лагите и неисполнетите ветувања на СДСМ.

Ова е ден кој е синоним за неуспешните политики, криминалите и лагите на СДСМ, нивните нереални ветувања. На овој ден на парламентарните избори во 2002 година, СДСМ и Бранко Црвенковски победија врз основа на напумпаните ветувања, дека ќе вработат по еден од секое семејство, дека ќе ја подобрат економијата, ќе остварат напредок за државата, но тоа беше и најголемото разочарување. Ништо од ова не се исполни. Македонија стана рекордер по сиромаштија, невработеност од 38 проценти, над 100 илјади деца надвор од образовниот процес, партиски реваншизам и отпуштања, уништено земјоделие, ниту покачени плати, ниту покачени пензии, пишува „Курир“.

Порталот понатаму потсетува оти за време на владеењето на СДСМ во Македонија имаше бројни неразјаснети убиства и самоубиства,  афери за кои постоеја сомнежи дека се изнесени милијарди долари надвор од Македонија,  незамисливо висока корупција во здравството, над 100 000 неписмени граѓани, абројката на невработени се зголеми за нови 150.000 лица.

Таа генерација на политичари се уште е актуелна. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски рамо до рамо седеа на трибините и ветуваа се она поради што народот се разочара.

Во Република Македонија не смее веќе да постои семејство без ниту еден редовно вработен, лажно ветуваше Шекеринска.

Големата одлука се ближи. Уште само 7 дена и вие почитувани граѓани ќе стапите на сцена. Уште само 7 дена и се ќе биде во ваши раце. Јас знам дека да се донесе одлука за иднината на сопствените деца, да се донесе одлука за иднината на сопствената држава е навистина огромна одговорност. Меѓутоа, од таа одговорност бегање нема. Само одговорни луѓе се и одговорни родители, само одговорен народ е државотворен народ. Македонија е денес држава со поткопани темели, со разнишани столбови. Денес Македонија е држава со власт која заговара нејзина поделба и преселба на население. Македонија е држава со распродадена и испокрадена економија, држава со преку 500.000 луѓе под прагот на сиромаштијата, без било какви услови за живот, Македонија е држава со преку 370.000 невработени, Македонија е држава на криминал и корупција, меѓународно изолирана држава, држава карантин. Таква држава не е држава, таква држава не може да опстане, таква држава нема своја иднина. Од нас зависи одлуката е наша и само наша дали ќе седиме мирно со скрстени раце да гледаме како ни пропаѓа единствениот дом којшто го имаме или, пак, ќе се сплотиме, ќе се обединиме, ќе го кренеме нашиот глас, ќе си ја обезбедиме иднината и ќе си ја сочуваме државата. Затоа, мора да се гласа, мора на 15 да се победи!, порачуваше Црвенковски.

Двоецот Шеќеринска – Заев сега се обидуваат со старите трикови од 15-ти септември да дојдат на власт. Повторно истите луѓе и со сличен вординг ја бараат поддршката од граѓаните.

Нивниот уништен кредибилитет за нив не е морална заддршка да излезат и да ветуваат се’ и сешто. Но повторно нема сериозност во нивните намери, нема програма, нема идеи. 15 -тсептември е паметникот кој не треба да се повтори и е доказ што може да се случи кога неискрени политичари доаѓаат на одговорни функции. Тие продолжуваат со истата политика која доживеаа пораз од граѓаните, веќе видено и веќе поразено, пишува „Курир“.