50 Сeнт го зголемил половиот орган, сега ја тужи докторката која го злоупотребила неговото име

Тужбата беше поднесена на 16 септември пред федералниот суд поради фотографијата што 50 Сент ја направи со д-р Ангела Коган, мислејќи дека таа е само негова обожавателка.

Раперот 50 Сент (47) тужи докторка од клиника за пластична хирургија во Мајами, коа наводно му сугерирала дека е нивен клиент за операција за зголемување на пенисот.

Тужбата беше поднесена на 16 септември пред федералниот суд поради фотографијата што 50 Сент, вистинско име Куртис Џејмс Џексон, ја направил со д-р Анџела Коган, мислејќи дека таа е само негова обожавателка.

Коган подоцна ја искористила фотографијата во напис објавен од порталот „The Shade Room“.

Во него, таа наводно го именувала 50 Сент меѓу нејзините клиенти за зголемување на пенисот. Оттогаш, написот е отстранет.

Заедно со фотографијата на докторката и раперот, наводно имало и слика од пациентот во отворена болничка наметка, со голем емотикон во форма на патлиџан кој му ги покрива гениталиите.

Во првото поднесување, адвокатите на 50 Сент, Алехандро Паз и Џозеф Ребак, негираа дека раперот бил подложен на таква постапка и тврдеа дека Коган ја искористила фотографијата за комерцијална корист.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.