Аделина: Ништо не е вистина, никој не ме претепал

По пишувањата на албанските медиуми дека познатата пејачка, Аделина Тахири е претепана од страна на нејзиното поранешно момче, со реакција се јави лично таа.

Таа во изјава за Телеграф ги демантира сите шпекулации кои што денеска се појавија во медиумите.

-Веќе сум изморена од глупости, не е точно дека некој ме претепал. Нормално дека тоа не е вистина, изјави кусо Аделина.

Пред неколку минути и синот на вицепремиерот Муса Џафери, Арианит Џафери, демантираше дека ја нападнал неговата поранешна девојка.

„Во врска со веста објавена во вашиот ценет медиум, во која се наведува дека јас физички сум ја нападнал пејачката Аделина Тахири, категорично демантирам дека сум извршил напад врз било кое лице, а особено не врз пејачката Аделина Тахири“, вели во својот демант Џафери.

Инаку албанските медиуми пишуваа дека наводно синот на вицепремиерот, Муса Џафери ја претепал Аделина, откако таа со нејзиното момче и нејзиниот брат го посетија барот „ Bar Square” во Скопје, исто така сопственост на синот на Џафери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.