AFP: Киевските „прикрпени“ доброволци се борат против невидливи освојувачи

Украинскиот историчар Јуриј Корчемниј во животот никогаш не пукал од пушка, но не се двоумел да им се придружи на десетицитѕе други и да земе „калашников“ од сандаците кои им се одставени на штотуку формирани киевски доброволечки единици на вториот ден од руската инвазија, се наведува во репортажата на France Pressе.

„Ни дадоа пушки и еве нѐ тука“, изјавил 35-годишниот Корчемниј со помалку кисела насмевка.

Киевскиот подвозник кој тој го чува со само уште неколкумина други, меѓу кои има и постари од 50 години, води до административниот комплекс на украинската влада. Од другата страна патот води до работничка населба начичкана со облакодери во советски стил. Таму неколку часа претходно имало престрелка, како што рекле, со мала група руски војници.

Новинарите на AFP виделе загинување на еден средовечен цивил во тој судир. Очевидец рекол дека цивилот бил покосен со крушуми истрелани од руско оклопно возило кое протатнело низ улицата.

Но Корчемниј изгледа помалку несигурен во својата улога во одбраната на украинската престолнина.

„Знам да пукам само поединечно, па планирам да стиснам тука и да префрлам на автоматски оган“, рекол внимателно галејќи го блескавото одружје, забележуваат новинарите.

Доброволците имаат нестварно чувство на борба со сеништа кои се појавиле во донеаодамна забрзаниот град. На опустените улици сега можат да се видат групи нервозни војници и чудни доброволци кои потскокнуваат од нога на нога и пушат, се додава во репортажата на AFP.

Меѓутоа, Русите ги нема никаде. Маскираниот командант на доброволечката единица, кој се претставил со военото име „Боб’, признава дека воопшто не знае каде Русите исчезнуваат откако ќе нападнат.

„Навистина не знам. Имам еден ранет човек. Улицата е изрешетана од куршуми. Но тоа не се куршуми како од мојата машинка. Ние имаме помали куршуми, Русите користат многу поголеми“, рекол „Боб“.

Украинската влада ги повика сите граѓани од 18 до 60 години да земат оружје во раце и да ѝ помогнат на војската, и го забрани нивното излегување од земјата.

Падобранскиот инструктор Роман Бондарцев се одѕвал на повикот „бидејќи тоа е подобро отколку да се седи дома и да не се прави ништо“. „Вака помалку ми е страв“, рекол овој 47-годишник.

Механичарот Руслан Битсман, исто така, нема воено искуство, но е гневен.

„Ова е моја земја, разбирате. Ме прашувате што мислам за Шутин. Само работи кои не можете да ги објавите. Вчера првпат земав оружје во рака. Што можеме? Ќе се обидеме да направиме што е подобро можно“, рекол.