Афроамериканец застрелен од полицијата по оглушување да застане поради прекршок

Полицајци во Лос Анџелес смртно застрелале афроамериканец воелосипедист, откако овој не застанал по предупредувањата за сообраќаен прекшрок, откако тој бегајќи го фрлил пиштолот.

Според Бенџамин Крамп, адвокат на семејството на 29-годишниот велосипедист бил застрелан со повеќе од 20 кушруми во грбот откако двајца полицајци се обиделе да го запрат поради сторен сообраќаен прекшрик.

Полицијата на Лос Анџелес негира дека 20 пати било пукано кон Џон Кизи, кој при бегството се оглушувал на наредбите да застане и фрлил еден пиштол.

Канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес соопшти дека во понеделникот попладнето по локално време Кизи возел велосипед во округот Вестмонт, кога го запреле двајца полицајци откако минал крај нив.

Кизи го отфрлил велосипедот пота удрил во лицете еден од полицајците и бегајќи фрлил куп облека која ја носел со него, меѓу кои имало и пуиштол.

Полицискиот портпарол Брендон Дин не можел да одговори за поединосите на пукањето, ниту за статусот на пилицајците вклучени во инцидентот. Медиумите, притоа не се интересирале за наводите од каде кај Кизи толкав куп облека и пиштол.

Меѓутоа, активистичкиот адвокат Крамп кој го ангажираат невладини организации како експерт за човекови права и застапник на жртви на полициска бруталност, во објава на Twitter напиша само.

„Велат дека бегал, ги отфрлил облеката и пиштолот. Не го земал, а полицајците го застрелале повеќе од 20 пати и таков го оставиле со часови“, напиша адвокатот Брендон, кој исто така не наведува од каде потекнува пиштолот на Кизи.

Овој инцидент повторно се користи за организирање протести против полициската бруталност во САД, кои се најавени за вторникот попладне по локално време.