Агенција за филм: Парите за „До балчак“ се целосно исплатени

Државата во целост ги има исплатено сите предвидени средства кон продукциската куќа под чија ингеренција беше реализацијата на филмот „До балчак“, реагира Агенцијата за филм на Република Македонија на изјавата на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, со која тој од Владата побара да го  разреши скандалот со филмот „До Балчак“.
Воедно, Алаѓозовски запраша каде се потрошени 2,5 милиони евра за овој филм?Зошто не се исплатени плати на глумците и филмската екипа? Зошто не се исплатени средства на соработниците на филмот? Како е можно, филм што дошол до ниво на премиера, па дури се споменува и за кандидат за Оскар, да е соочен со катастрофално менаџирање со продукцијата? 

„Одлуките за финансиска поддршка на реализацијата на филмот „До балчак“ беа донесени како резултат на интенцијата на државата за поддршка на културното творештво“, се наведува во сооштението на Агенцијата за филм на Република Македонија.

do-balcak-564x272