ВИДЕО: Акробации на највисоките згради во светот

Овие летечки Руси изведуваат акробации на највисоките згради во светот. Видео снимките од нивните подвизи уште еднаш покажуваат дека мошне тенка е границата помеѓу лудоста и храброста.

Група љубители на адреналин од Русија снима сосема луди видео-снимки на кои може да се види како изведуваат акробации на највисоките згради во светот  без било какви заштитни средства. Голем број коментари за овие видео снимки содржат пофалби за неверојатното хоби на овие Руси, додека некои просто ги сметаат за луди.

Двете видеа се снимени во Дубаи и ја покажуваат огромната количина храброст и самоувереност што ја поседуваат овие летечки Руси додека изведуваат акробации.

Исто така, мора да се забележи и огромната доверба што овие момци ја имаат еден во друг, додека изведуваат лудории во кои само еден погрешен чекор може да ги чини живот.

На оние што се плашат од височина нозете ќе им се смрзнат кога ќе ги погледнат акробациите на овие летечки Руси.