Активноста во индустријата во еврозоната намалена и во февруари

Производната активност во еврозоната се намалила во февруари 20-ти месец по ред, како одраз на тврдокорната слаба побарувачка и потклекнувањето на Германија, што ги засени добрите резултати на „рабовите“ на еврозоната, покажа извештајот на S&P Global објевен во петокот.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во индустријата во еврозоната се лизна во февруари за 0,1 поен во однос на јануари, на 46,5 поени, објави Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која го составува извештајот за S&P Global.

Вредноста на индексот на тој начин остана под 50 поени 20-ти месец по ред, што сигнализира пад на активноста, покажува извештајот.

Активноста во индустријата во еврозоната се намалил поради остриот пад во Германија, забележува HCOB. „Периферијата на еврозоната забележа најдобри резултати, па така Грција и Ирска забележаа најсилен раст во последните 24, односно 20 месеци“, се додава во извештајот.

Ја издвојуваат Шпанија, чијашто индустрија забележала раст на активноста првпат по речиси една година.

Фабриките во еврозоната го намалиле бројот на вработени деветти месец по ред, а производството се одразило со реализација на стари нарачки, како што тоа го прават речиси две години.

Индексот на новите нарачки се задржало под нивото од 50 поени, што сигнализира слабеење на побарувачката за индустриски производи 22-ри последователен месец.

Трошка надеж влеваат постојаните очекувања на менаџерите за зголемување на производството во наредните месеци, според вредноста на соодветниот индекс од 57,1 поен, непроменет во однос на јануари кога го достигна највисокото ниво од април минатата година, покажува извештајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.