Активности на „Водовод“ за фекален приклучок на катната гаража кај ССМ

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, вчера во вечерните часови изведуваа фекален приклочок за новата катна гаража кај зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму информираат дека  не станува збор за проблем со функционирањето на канализациониот систем, туку за дел од секојдневни активности кои што препријатието ги извршува.